Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, реализиран од страна на ЈП „Охридски комуналец“ и организацијата „SALAR International“ од Шведска,  хотелски објекти добија инструкции, обука на персоналот и материјали за спроведување примарна селекција во своето работење.

– Селекцијата на отпад во хотелите и во другите угостителски објекти, како едни од најголемите создавачи на отпад, е клучен дел во успешното спроведување на системот – информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Наредниот чекор за воспоставување примарна селекција на отпадот во угостителските објекти е вклучување на сместувачките и на угостителските објекти покрај шеталиштето во Охрид, со план за проширување на другите објекти покрај крајбрежјето

 

Девет хотели од охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамките на заложбите на Општина Охрид за воспоставување систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето.

Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, реализиран од страна на ЈП „Охридски комуналец“ и организацијата „SALAR International“ од Шведска,  хотелски објекти добија инструкции, обука на персоналот и материјали за спроведување примарна селекција во своето работење.

– Селекцијата на отпад во хотелите и во другите угостителски објекти, како едни од најголемите создавачи на отпад, е клучен дел во успешното спроведување на системот – информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Наредниот чекор за воспоставување примарна селекција на отпадот во угостителските објекти е вклучување на сместувачките и на угостителските објекти покрај шеталиштето во Охрид, со план за проширување на другите објекти покрај крајбрежјето.

Овие активности се комплементарни на активностите за проширување на мрежата од домаќинства што ќе бидат вклучени во системот за примарна селекција на отпадот, со основна цел покривање на целата општина.

– Комплексноста на процесот, како и фактот што првпат се спроведува овој начин на работа на територијата на Охрид, подразбира потреба од флексибилност и разбирање од сите чинители. Но, со заеднички напори, со поддршката што ја добиваме од државата и со разбирањето за важноста на промените од страна на сите учесници, оваа трансформација кон подобра практика ќе биде успешна – нагласуваат од претпријатието.

Моделот на работење што ќе се воспостави во Охрид ќе може да се преслика во другите градови во регионот, особено во туристичките центри како Струга, Крушево…

 

 

ИЗДВОЕНИ