недела, март 1, 2026
Дома МАГАЗИН Дева Касел позираше за новото издание на француското списание „Венити фер“; Прекрасна...

Дева Касел позираше за новото издание на француското списание „Венити фер“; Прекрасна – каква мајка, таква ќерка!

27

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, позираше за новото издание на француското списание „Венити фер“ со актерот Жилиен де Сен Жан. Двајцата глумат во филмот „Фантомот од операта“, чија премиера се очекува да биде во септември оваа година.

Дева позираше во долна облека и во фустан од тантела, меѓу другото. Целосниот изглед ѝ беше оставен на Тања Рат-Патрон, шминката на Јоланта Седро, а фризурата на Џон Нолет.

Фотографиите предизвикаа бројни позитивни коментари на социјалните мрежи. „Таа е апсолутно прекрасна и многу личи на својата мајка“, „Ќе ја освои актерската сцена“, „Прекрасна дама“ и „Едвај го чекам овој филм“ се само дел од реакциите.

Режисерот на филмот, Александар Кастањети, рече дека веднаш бил воодушевен од Дева.

Зборувајќи, пак, за својата улога како Анастасија Мареску, младата актерка рече: „Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект кој е многу поголем од мене, како што ќе видат сите. Па, секако, сакав сè да направам како што треба.“

Инаку, да потсетиме, Моника Белучи позираше гола за насловната страница на истото списание во 2004 година додека беше бремена со Дева. На ова, Дева со насмевка одговори: „О да, така е“.

Кога ја прашале што најмногу се сеќава од детството, таа рекла: „Авиони. Поминав многу време во нив, со моите родители, сестри, пријатели. Доживеав цела низа емоции во нив: радоста од пристигнувањето, тагата од напуштањето на некое место или личност“.

Фото: „Инстаграм“

ИЗДВОЕНИ