Детско паркче во населбата Дулие

29

Во битолската населба Дулие е уредено ново детско паркче, како дел од акцијата за подобрување на јавните простори во градот.

Проектот е реализиран со поддршка на Општина Битола и со јавните претпријатија, кои, како што велат од локалната  самоуправа,  заеднички придонеле за создавање на безбедно и пријатно место за најмладите.

Паркчето се наоѓа во близина на новоизградениот трговски објект во овој дел од градот и претставува нова зелена оаза за семејствата и за соседството.

Граѓаните велат дека новото катче е вистинско освежување за населбата – местo каде што децата безгрижно си играат, а родителите, бабите и дедовците уживаат во дружењето и рекреацијата.

 

ИЗДВОЕНИ