Ако секое утро го започнувате со оваа моќна комбинација во чаша, по само неколку дена ќе ја почувствувате разликата – полесно тело, почиста кожа и повеќе енергија. И сето тоа без да се изгладнувате или да користите скапи препарати!
Луѓето одамна знаат дека здравјето се „гради“ од цревата и црниот дроб, а овој едноставен појадок во чаша го чисти телото како од шега. Содржи само три лесно достапни состојки што веројатно веќе ги имате дома, а за само 7 дена може да ви помогне да ги елиминирате токсините, да ја намалите надуеноста, да добиете посветла кожа и да изгубите до 3 килограми вишок тежина!
Тука нема многу филозофија – само станувате, сипувате, мешате и пиете!
Детокс појадок во шолја – Рецепт за едно лице:
1 лажица мелено ленено семе
1 дл кефир (или јогурт со пробиотици)
1 лажичка цејлонски цимет
(Ставете ги сите состојки во шолја, добро измешајте и оставете да отстои 5 минути.)
Пијте секое утро на празен стомак, најмалку 7 дена по ред.
Зошто ова делува:
Ленено семе е богато со растителни влакна и омега-3 масни киселини – тие ги движат цревата, ги врзуваат токсините и ја стимулираат функцијата на црниот дроб.
Кефирот е природен пробиотик – ја обновува цревната флора и го подобрува варењето на храната.
Циметот го регулира шеќерот во крвта, ги намалува нападите на глад и го забрзува метаболизмот.
Резултати по 7 дена:
Помалку надуеност
Повеќе енергија
Посјајна и почиста кожа
До 3 кг помалку (ако го исфрлите шеќерот и грицките заедно со него)
Забелешка:
Оваа детоксикациска комбинација не е магично стапче, но со малку дисциплина може да биде моќен сојузник во вашата утринска рутина. Доколку имате хронични заболувања – консултирајте се со вашиот лекар.