Ансу Фати ќе биде претставен како нов играч на Монако во вторник, според експертот за трансфери, Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар познат по своите точни извештаи за трансферите на фудбалери во клубовите додаде дека целата документација за договорот е веќе подготвена.

Фати, кој сега има 22 години и игра на левата крилна позиција, може да биде и во средниот ред и во нападот и не толку одамна беше нарекуван „новиот Меси“. Пред три години, „Трансфермаркт“ го процени на 80 милиони евра, а денес вреди само пет милиони.

Претходната сезона, тој одигра 19 лигашки натпревари како позајмен играч во Брајтон, но со просек од само 27 минути. Тој постигна два лигашки гола. Потоа беше вратен во Барселона, каде што одигра само 232 лигашки минути на шест натпревари и немаше никаков ефект.

Тој има договор со Барселона до летото 2027 година, па затоа оди во Монако само како позајен.

ИЗДВОЕНИ