Н скијачките терени на планината Јахорина во БиХ, дете падна од жичарницата откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од настанот покажува како другите скијачи се обидуваат да помогнат, но детето на крајот паѓа на земја.Сè уште не е познато што предизвикало детето да падне од седиштето на жичницата.
Планинарската служба потврди дека повреденото дете е пренесено во болница и е надвор од животна опасност, соопшти утрово БН ТВ од Болница Србија во Источно Сараево.
„Детето беше згрижено, има скршеница на бутната коска, што е сериозна физичка повреда и е испратено во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата.












