Детали за свирепото убиство на жена во гостиварско: Сопружници ја киднапирале, ја убиле и го запалиле телото

80

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за сторување на кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот и осомничената, дејствувајќи како соизвршители, на особено свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. На 7 декември, тие ја земале жртвата пред нејзиниот дом и ја однеле во нивната куќа во гостиварско Неготино, каде започнала расправија поради претходни недоразбирања.

По расправијата, жртвата била затворена во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, по што осомничениот ја усмртил Хавва Азизи со еден истрел од огнено оружје.

По убиството, двајцата осомничени заедно го ставиле телото на жртвата во количка, го внеле во автомобил и го однеле во атарот на селото Неготино. Таму телото било спуштено во претходно ископана дупка, запалено и покриено со земја, гранки и други предмети, со цел да се прикрие злосторството.

Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ИЗДВОЕНИ