среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Детали за сообраќајката кај Хиподром: Тешко е повреден 25-годишник, двете возила целосно...

Детали за сообраќајката кај Хиподром: Тешко е повреден 25-годишник, двете возила целосно изгореа

44

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на автопатот кон Скопје, кај клучката Хиподром, при што сообраќајот на потегот кон главниот град беше целосно блокиран.

Според информациите од полицијата, сообраќајката се случила во 23:00 часот на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за скопската обиколница. Судирот се случил помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило Мерведес со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

Во несреќата двете возила се запалиле и целосно изгореле, а возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ