На на островот Раб во Хрватска, во вторник попладне се случи голема трагедија кога едно дете почина кога падна од воден тобоган. Според информациите на Telegraf.rs, загинало седумгодишно девојче со германско државјанство.
„Настрада девојче кое беше со својот татко на воден тобоган. Беше во неговите раце и падна нагло“, вели извор за порталот близок до Туристичката заедница на Лопар. Овој тобоган е таму веќе 30 години и ова е прв пат да се случи нешто вакво. Тоа е Рајска плажа и е приватен концесионер. Девојчето кое загина и нејзиниот татко не беа регистрирани како гости на хотелот, туку дошле на пливање“ вели изворот.
Како што претходно објавија хрватските портали, несреќното девојче починало во болница во Риека, каде што итно било пренесено со медицински хеликоптер.
„Вчера попладне, едно дете беше пренесено со медицински лет од островот Раб во Болничкиот центар во Риека, кое за жал почина и покрај укажаната медицинска помош“, се вели во полициското соопштение.