Детали за хоророт во Ливерпул: Најмалку 50 повредени, четворица во критична состојба

1501
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, денес изјави дека четири лица се во сериозна состојба откако маж со автомобил влетал во толпа луѓе на парадата на победата во Ливерпул, организирана од истоимениот градски фудбалски клуб за прослава на овогодинешната титула во Премиер лигата.

Во инцидентот се повредени најмалку 50 лица, од кои 27 се хоспитализирани, а властите претходно соопштија дека две лица се во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете, објави Ројтерс.

Исто така, беше наведено дека инцидентот од понеделник не се третира како терористички напад, а полицијата уапси 53-годишен маж за кој се верува дека го возел возилото.

Полицијата соопшти дека добила пријави за сообраќајна несреќа со повеќе пешаци на улицата Вотер во Ливерпул вчера нешто по 18 часот.

Граѓаните се повикуваат да не шират вознемирувачка содржина за инцидентот на социјалните мрежи, а официјалните власти сè уште не издале соопштение за евентуални жртви или повредени.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека се случил „ужасен“ инцидент во Ливерпул.

„Моите мисли се со сите повредени или погодени. Сакам да им се заблагодарам на полицијата и службите за итни случаи за нивниот брз и траен одговор на овој шокантен инцидент“, рече Стармер.

Победничката парада организирана за титулата на Ливерпул во Премиер лигата, предводена од играчите на клубот на покривот на автобус, помина рута долга 16 километри.

Неколку улици беа затворени за сообраќај поради инцидентот, а Градскиот совет на Ливерпул им препорача на луѓето да не возат во тие насоки.

ИЗДВОЕНИ