Овој број се однесува на 0,1 отсто од населението и опфаќа луѓе кои немаат право на никаква здравствена заштита без плаќање услуги, соопшти „Дестатис“, а пренесува dpa.
Притоа, оние со дозвола за престој, Германија ги обврзува да уплаќаат здравствено осигурување.
Меѓу оние кои не ги покрива системот, околу 44.000 се мажи, или 61 отсто. Понатаму, 54.000 или три од четири се таканаречени неактивни лица, како пензионери или студенти постари од 26 години.
Покрај нив, уште 198.000 луѓе во Германија и без осигурување имаат право на здравствена заштита.
Меѓу нив се, меѓу останатите, кандидати за азил, корисници на социјална помош и доброволни воени службеници.
Според статистичките податоци, секој деветти жител на Германија, околу 11 отсто или вкупно некои девет милиони луѓе имаат приватно здравствено осигурување, пишува dpa.
Тој број опфаќа околу 2,4 милиони членови на семејства осигурани преку сродник.
Огромно мнозинство од 89 отсто, односно 73,3 милиони луѓе, се осигурани во државниот здравствен систем, вклучувајќи 16,8 милиони луѓе влучени во семејно осигурување.
Околу 5,1 милиони граѓани се осигураат доброволно преку државниот систем – главно самовработени лица или лица вработени со примања над законски дефинираната граница за годишна заработувачка.
Тие чинат седум отсто од вкупниот број на осигуреници на државниот систем.












