четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Десетици бебиња во Велика Британија имаат симптоми на труење од бебешка формула...

Десетици бебиња во Велика Британија имаат симптоми на труење од бебешка формула – Франција истражува смрт на две новороденчиња хранети со истата храна

31

Има 36 клинички извештаи за деца со симптоми слични на труење со токсини, кои се поврзани со неодамнешните повлекувања на бебешка формула, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Контаминацијата, како што претходно објави „Еуроњуз“, е поврзана со кинески добавувач на масло од ARA (арахидонска киселина), клучна состојка во премиум бебешките формули.

Имало 24 извештаи во Англија, седум во Шкотска, три во Велс, еден во Северна Ирска и еден извештај од таканаречените Краун Естејтс, за деца кои ги консумирале спорните серии на производи и развиле симптоми слични на токсинот цереулид, објави денес „Индепендент“.

Во петокот, Агенцијата за стандарди за храна (FSA) потврди дека состојката за која станува збор е масло од арахидонска киселина (ARA), кое е клучно за развојот на новороденчињата и се додава во формулите за бебиња кои не се дојат, објави „Индепендент“.  Од Агенцијата исто така додадоа дека минатата недела било откриено дека контаминацијата што довела до повлекување на формулите доаѓа од заеднички снабдувач на состојки од трета страна.

Глобалните гиганти (повеќе брендови) во млечната индустрија продолжија да повлекуваат адаптирано млеко за бебиња поради контаминација со цереулид, додека Франција истражува смрт на две новороденчиња кои консумирале млеко од компанијата „Нестле“.

Француското Министерство за здравство во тоа време објави дека причинско-последичната врска не е научно утврдена. „Нестле“ изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата и соработува со целосна транспарентност за да ги обезбеди сите потребни информации.

ИЗДВОЕНИ