Дресот со бројот „1“ никогаш повеќе нема да биде носен во Чикаго, беше повлечен во чест на Дерик Роуз. Беше подигнат под сводовите на „Јунајтед центар“ и ќе биде бесмртен.
Овој број им се придружи на легендите, бидејќи Булс ги повлече од употреба само дресовите на Мајкл Џордан (23), Скоти Пипен (33), Џери Слоун (4) и на Боб Лав (10).
- Во овој момент, сè уште не можам да поверувам, се обидувам да разберам што се случува. Благодарен сум. Ова е нешто неверојатно! Еден новинар ме праша дали плачев, му реков дека плачам речиси секој ден. Зошто? Од радост. Знам каде пораснав, како беше, каква беше околината. Тоа е една од причините зошто се вратив да помогнам – рече Роуз.











