Екипата на Денвер Нагетс и нивната прва ѕвезда, Никола Јокиќ, би можеле да добијат уште едно звучно засилување по Јонас Валанчиунас. Станува збор за легендарниот Кевин Лав (37), кој до неодамна беше член на Мајами, а беше трејдуван во Јута на почетокот на јули.

Како што пишува американскиот новинар Марк Штајн, една од причините за размената може да се најде во фактот дека соработувал со Дејвид Аделман во Минесота.

НБА-шампионот од 2016 година одигра 952 натпревари во лигата, а неговиот најдобар резултат беше во сезоната 2011/12 кога имаше просек од 26 поени и 13,3 скока по натпревар.

ИЗДВОЕНИ