Српскиот кошаркар Никола Јокиќ мораше да го напушти теренот поради повреда три секунди пред крајот на првото полувреме од натпреварот против Мајами, а кога не се врати на теренот, неговиот тим целосно се распадна. Денвер загуби со огромна разлика од Мајами (147:123), и беше јасно во каков проблем се наоѓа.
- Овој натпревар беше нерешен на полувремето. Нагетс сега игра како зомби, а сигурен сум дека и неговите навивачи се „зомбизирани“ по повредата на Јокиќ – напиша познатиот новинар Вик Ломбарди.
На крајот, Никола Јокиќ остана најефикасен играч на натпреварот со 21 поен, а Нагетс загуби со 147:123 и не беше ни блиску до своите ривали во ниту еден момент од второто полувреме од натпреварот.
Како што рече Ломбарди, Никола Јокиќ е само еден од четворицата стартери на Денвер што се повредени. Сега Нагетс се соочува со серија од седум гостувања на кои ќе бидат без Арон Гордон, Кристијан Браун и Камерон Џонсон.
Гордон имаше проблем со задната ложа и нема да биде достапен додека не се врати тимот на домашен терен, а Кристијан Браун е надвор од игра поради повреда на зглобот и, исто така, нема да игра во тој период. Се очекува Камерон Џонсон, кој дојде како големо засилување, да биде надвор од игра уште подолг период. Се очекува целосно да заздрави за четири до шест недели.
Се очекува во наредните денови да биде позната и тежината на повредата на Јокиќ, односно колку ќе отсуствува од кошаркарските терени.











