Куртис Џонс е многу блиску до приклучување кон Денвер, потврди најдоброинформираниот во светот на НБА, Шамс Чаранија. Иако не беше избран на драфтот, Џонс ги искористи сите можности во годинашната летна лига. Тој покажа сериозен напаѓачки потенцијал и чувство за игра, а Денвер го следеше сето тоа и го сака во своите редови.

Во текот на летната лига, тој имаше просек од 15 поени, четири скока и четири асистенции, а имаше и одличен процент во шутот за три поени – 47 %. Нема апсолутно никаков сомнеж дека ќе влезе Нагетс во следната сезона како многу поконкурентен тим во својот напад за нова шампионска титула во НБА.

ИЗДВОЕНИ