„Денови на Јустинијан I“ од 31 октомври до 2 ноември: 13. Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

25

Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I”, годинава ќе се одржи на 31 октомври до 2 ноември, а свеченото отворање ќе се случи утре (петок), со почеток од 10:00 часот, во Музејот на македонската борба.

На отварањето обраќања ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф. д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Илче Мицевски Игнат, Декан на Православниот богословски факултет „св. Климент Охридски“, Анче Илиевска, Директор на Музејот на македонската борба, Н.Е. Паоло Палминтери, Амбасадор на Република Италија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва и н Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

На шесте сесии кои ќе се реализираат на симпозимот во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку онлајн платформата Зум, свои реферати ќе имаат 40-на еминентни проофесори и научници од 16 земји, покрај нашата земја, Италија, САД, Велика Британија, Германија, Полска, Украина, Словачка, Финска, Австрија, Србија, Грција, Бугарија, Романија, Русија и Унгарија. На почетокот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еминентниот византолог, проф. Нилс Гал од Универзитетот во Единбург.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека тој прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа „Деновите на Јустинијан I”, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот.

Симпозиумот е во организација на Институтот за национална историја, УКИМ- Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

ИЗДВОЕНИ