Денови на хрватски филм во Кинотеката од 15 до 20 септември

17

Во Кинотека на Македонија од 15 до 20 септември ќе се одржи манифестацијата „Денови на хрватски филм“, на која публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватското кино.

Деновите на хрватскиот филм ќе започнат со остварувањето „Устав на Република Хрватска“ (Ustav Republike Hrvatske) од 2016 година во режија на Рајко Грлиќ, каде  главната улога брилијантно ја толкува Небојша Глоговац.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни, кратки играни, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „На сè ќе му дојде крајот“ (Svemu dođe kraj) од 2024 година, исто така, во режија на Рајко Грлиќ.

Проекции почнуваат во 20 часот, а сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.

Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

ИЗДВОЕНИ