“Денот пред да заминеш“ – песна за прерано починатиот легендарен Момо Николоски

62

Во спомен на популарниот македонски пејач! Текстот за песната го напиша токму таа, сопругата Валбурга, која по професија е психолог, а музиката и аранжманот се на Сашо Ливрински. Спотот го режираше Кузман Клековски.                                                   

Македонската пејачка ѕвезда а, денес легенда на која името му се кажува со почит, Момо Николоски почина од рак на 3 јуни 2019. Во знак на сеќавање на Момо се роди една нова преубав песна која ни ги враќа спомените на него, не само како пејач, туку и како добар човек.  Насловот на песната е „Денот пред да заминеш“, балада во која познатата Сузана Турунџиева пее за љубовта која со сета убавина постоеше помеѓу пејачот Момо Николоски и неговата сопруга Валбурга Батева-Николоска.

Текстот за песната го напиша токму таа Валбурга, која по професија е психолог, а музиката и аранжманот се на Сашо Ливрински. Спотот го режираше Кузман Клековски. Поупатените во музичките дела велат дека Ливрински создал одлична мелодиска линија која на песната ќе ѝ овозможи вечно да живе во народот. На ваквата музика само се надоврзува искрениот и емотивниот текст на Буги Батева, големата љубов на Момо.

За оние кои можеби малку знаат, треба да се каже дека Момо е роден во Струга во 1957, каде што во 1980-тите прво почнал да пее поп музика, а подоцна и фолк.            Еднаш и победи на Макфестовскиот фестивал кога во дует со (тогаш) многу познатата хрватска пејачка Дубравка Јусиќ (ќерката на Ѓело Јусиќ) ја испеа хитовската “Биди со мене“. За голема жал, Буги и Момо судбината ги раздели. Пејачот почина, а пред тоа во 2018 година македонската естрада организираше хуманитарен концерт за негово лекување.   (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ