Протестот на Сојузот на синдикати во Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и 100 евра линеарно зголемување на сите плати, започна.


Она што можеме првично да го забележиме на терен е големата масовност, односно пред зградата на Сојузот на синдикати пристигнуваат работници од сите страни, очевидци велат дека има неколку илјади.


Пред зградата на Сојузот на синдикатите, претседателот Слободан Трендафилов им порача на работниците „не застануваме, ќе продолжиме да протестираме се до зголемување на платите“, и додаде: „Масовната присутност на протестот го побива фактот дека само на малкумина им требало заголемување на платите. Масовноста покажува дека народот е со синдикатот“. (А.С.)












