петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Дени Милевски, нов директор на ЈКП „Гази Баба 2007“

Дени Милевски, нов директор на ЈКП „Гази Баба 2007“

202

Нов директор на ЈКП „Гази Баба  2007“ е Дени Милевски. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, одржа работен и конструктивен состанок со новиот директор.

Од Општина Гази Баба соопштија дека на состанокот тој му ги пренел клучните приоритети, задолженија и насоки за поефикасно работење на претпријатието, со цел понатамошно унапредување на услугите што ги добиваат нашите граѓани.

– Комуналната хигиена претставува основа за здраво, уредно и за функционално општество. Чистите улици и уредените јавни површини се предуслов за квалитетно живеење.  Затоа, акцент ставаме на зголемена фреквенција на чистење по улиците и месните заедници, подобрување и набавка на механизација, како и на алат за изработка на урбана опрема. Во исто време, водоснабдувањето во руралниот дел на општината е стратешки предизвик и приоритет. Заедно со новото раководство ќе работиме на стабилно и на квалитетно водоснабдување во сите рурални населени места, навремена санација на дефекти и замена на застарени делови од мрежата, но и на долгорочни решенија што ќе обезбедат сигурна вода за сите жители, без разлика на локацијата – истакна Стефковски.

Тој му се заблагодари на досегашниот директор на ЈКП „Гази Баба 2007“, Игор Атанасовски, за соработката, за реализираните проекти и за големиот број активности кои оставија резултати во општината.

 

ИЗДВОЕНИ