среда, јануари 21, 2026
Дома БАЛКАН Денеска судот во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинение за...

Денеска судот во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинение за уривањето на настрешницата

74
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вишиот суд во Нови Сад денеска ќе ја соопшти одлуката за обвинението поднесено против 13 лица за уривање на настрешница на Железничката станица во тој град на 1 ноември минатата година.

Одлуката ќе биде објавена во 11 часот, а дозволено е присуство на медиумите, пренесува Танјуг.

Кога се урна настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени, од кои двајца подоцна им подлегнаа на повредите.

ИЗДВОЕНИ