сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Денеска ќе биде распишан огласот за наследник на Димитровска во ДКСК

Денеска ќе биде распишан огласот за наследник на Димитровска во ДКСК

58

Собранието денеска ќе го објави огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси по оставката на Татјана Димитровска.

Пријавувањето на кандидатите ќе трае 10 дена од објавувањето во „Службен весник“. Постапката за селекција ќе се води според член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Клучната антикорупциска позиција остана празна пред локалните избори откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против сега веќе поранешната претседателка за две кривични дела. Изборот на наследник на Димитровска мора да се спроведе во кратки рокови и со јавност на постапката во период кога е институцијата без раководство, а пред врата се локалните избори.

Почнува трката за нов шеф на Антикорупциска, кој ќе го обелува образот по аферата со Димитровска?!

ИЗДВОЕНИ