Утре ќе бидат откриени 20 нови случаи на криминал – Ганиу влегува во Гинисовата книга на рекорди

– Од сите институции, единствено ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН постапија по нашите пријави за незаконско градење без проект, без документи и исклучија диви приклучоци. Од Општина Чаир, иако знаат дека не издале дозвола за градење, се кријат некаде, дозволуваат да се продолжи со незаконското градење и кој знае што имаат ветено – напиша на „Фејсбук“ скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Таа најави дека денеска ќе откријат 20 нови случаи на криминал со кој, како што вели, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, има гарантиран влез во Гинисовата книга на рекорди

1143

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не престанува со откривањето дивоградби на територијата на Општина Чаир.

Таа напиша на „Фејсбук“ дека Град Скопје открил таква на познатата Пластичарска улица.

– Од сите институции, единствено ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН постапија по нашите пријави за незаконско градење без проект, без документи и исклучија диви приклучоци. Од Општина Чаир, иако знаат дека не издале дозвола за градење, се кријат некаде, дозволуваат да се продолжи со незаконското градење и кој знае што имаат ветено – напиша Арсовска.

Таа уште еднаш му посочи на министерот за транспорт, Александар Николоски, дека Државниот градежен инспекторат има надлежности и во Скопје исто, како што наведе, и во Делчево и во Македонска Каменица.

Арсовска најави дека утре ќе откријат 20 нови случаи на криминал со кој, како што вели, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, има гарантиран влез во Гинисовата книга на рекорди.

Таа во четвртокот, во име на Град Скопје, поднесе 20 нови случаи на незаконска легализација на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Тогаш Арсоска нагласи дека не станува збор за тераси или за гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон, чија изградба, само на еден објект, чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии биле над 1,5 милион евра. При тоа, го откри случајот во рамките на кој објект дивоградба – зграда градел единаесетгодишник по име Беким Аземи, брат на претходниот петнаесетгодишен иноватор, Бујар Аземи.

Таа објасни дека според приложената документација, тој ја изградил оваа зграда во 2010 година, кога имал само 11 години, а на 12 години, со своерачен потпис, поднел барање за легализација.

– И не е чудо што сме четврта најуспешна економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 години градат згради во Чаир и стануваат милионери. Да резимирам: ова е криминал. Доказите го говорат тоа – нагласи Арсовска.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ