Денеска го славиме светиот апостол Филип, ден пред почетокот на Божиќниот пост

24

Денешниот ден е посветен на светиот апостол Филип, а меѓу православните верници денот е познат и како Божиќни поклади, а од утре започнува 40-дневниот Божиќен пост.

Светиот апостол Филип е роден во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа.

Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе.

Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал.

На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена.

Според народните обичаи, Божиќните поклади е празник кој секогаш треба да ги собере сите членови на семејството на ручек. Трпезата треба да биде полна со јадења направени од месо, млечни производи и сè од што верниците ќе се воздржат во следните 40 дена, со почетокот на Великиот пост.

Постарите велат дека на овој ден се поканети и сиромашни соседи и пријатели бидејќи сите треба да се „омрсат“ за време на заедничка церемонија и да влезат во хармонија и радост во Великиот пост што ќе трае до Божиќ.

 

ИЗДВОЕНИ