Денес го славиме Божик, раѓањето на Исус Христос. Овој ден се смета за најрадосниот празник во христијанството, а обичаите што го придружуваат се живописни и разновидни, додека симболизираат среќа, здравје и благосостојба. Освен во Македонија, Божик се слави на 7 јануари и во неколку други земји.
Бидејќи Божик е семеен празник, вообичаено е семејството денес да биде заедно. Луѓето на овој ден се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Навистина се роди“.
Божикната литургија се служи во сите цркви, оние што постеле се причестуваат, а по службата во црквата се прима нафората и тоа е првото нешто што се јаде на Божик.
Освен во Македонија, Божиќ на 7 јануари го слават во Србија Белорусија, Црна Гора, Казахстан, Русија, Еритреја, Грузија, Етиопија и Молдавија, како и православните во Израел и Египет.
Христијаните во овие 13 земји го слават раѓањето на Исус Христос според јулијанскиот календар, за разлика од мнозинството, кое го означува овој ден според грегоријанскиот.
Јулијанскиот календар е создаден за време на владеењето на Јулиј Цезар во 35 година п.н.е. и бил широко користен пред воведувањето на грегоријанскиот календар, кој го предложил латинскиот папа Грегориј Римски во 1582 година.
Се раѓа светлината на Божиќ – празникот на тивката молитва, семејната топлина и надежта












