Православна црква денеска го слави Слегувањето на Светиот Дух. Овој празник, кој уште се нарекува и Духови, Света Троица или Педесетница, го претставува роденденот на христијанската црква и се празнува на педесеттиот ден по Велигден, односно 10 дена по Спасовден. Во црковниот календар се означува со црвена буква и се празнува три дена.
Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите не беше моментален настан што се случи само на тој ден на Педесетница, туку тоа е динамичен настан кој продолжува и денес. Светиот Дух ја образува Црквата и ја прави таа да биде Тело Христово.
По Вознесението на Исус Христос, неговите ученици останале во Ерусалим и во една просторија во Сион често се собирале и заедно се молеле на Бога, очекувајќи го ветениот Свети Дух.
Духовден го слават сите христијански верници, а пред раѓањето на христијанската црква го празнувале и Евреите. Тие, вклучувајќи ги и самите Апостоли, ги украсувале своите куќи со гранки, цвеќиња и трева, сеќавајќи се на времето кога, по ропството, талкале со Мојсеј во пустината и живееле во колиби направени од гранки и лисја, и кога преку него ги примиле 10-те Божји заповеди. Овој обичај се пренел и во христијанството, па и денес на празникот Слегување на Светиот Дух врз Апостолите на православните цркви се исполнуваат со трева, гранки од липа и цвеќиња, од кои се плетат венци кои луѓето ги носат дома и ги ставаат покрај иконата.
„Тоа е еден од највеличествените христијански празници од времето на апостолите. Богослужбите на Педесетница се одликуваат со вечерната богослужба, која се извршува по Литургијата, како спомен на фактот дека апостолите веднаш се разотидоа низ светот за да проповедаат; на него се читаат молитвите на свети Василиј Велики; во нив се читаат молитвите на Свети Василиј Велики; во нив црквата се молли за дарување на Духот на благосостојбата, за исцелување на телесните и духовните потешкотии и сите да не удостои за небесното Царство“.