Денес се празнува празникот собор на Светите Апостоли

50

Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.

Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

Савле, подоцна Апостол Павле  е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во  Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн.), тој го користел изразот апостоли.

Понекогаш, и св. Константинсе нарекува тринаесетти апостол, поради неговата пресудна улога во признавањето на христијанството како официјална религија во Римското царство.

ИЗДВОЕНИ