Демонстрантите продолжија да поставуваат блокади, a полицијата да апси

30

Студентите во блокада и граѓаните кои се приклучија на протестите од утринава  продолжија со блокади на Белград, Нови Сад, Ниш и други градови низ Србија, а полицијата продилжи да ги отстранува и да апси. „Н1“ објави дека веќе се приведени неколку лица, а на некои места полицијата ги брка граѓаните кои блокираат.

Блокади низ Србија има од почетокот на минатата недела како реакција на апсењето демонстранти. Министерството за внатрешни работи предупреди дека блокадите се незаконски и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се заштитат јавниот ред и мир. Силни полициски сили ги спречуваат блокадите и апсат, а обвинителствата и судовите ги зголемија своите дежурства со цел брзо да ги гонат приведените за прекршоци или кривични дела.

Во Белград е запрен трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај и така ќе остане додека не се стекнат нормални услови за возење, соопштија од градот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика граѓаните на мир и ги замоли да не се урива Србија.

-Оние кои го сакаат тоа не можат да победат. Оние кои не ја сакаат Србија одлучија целосно да ни го загорчат животот. Најавени се целосни блокади во повеќе градови од раните утрински часови. Ги молам не како претседател, туку како обичен човек да не го прават тоа, да се вразумат и да не ја мразат својата земја толку. Ние не сакаме да реагираме, ние избегнуваме употреба на сила, порача Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ