ДЕМОНСТРАЦИЈА НА МОЌ: Пентагон објави снимка од бомбардерите кои го нападнаа Иран/ВИДЕО

345

Американското Министерство за одбрана објави снимка и фотографии од седум стратешки бомбардери Б-2А „Spirit“ од 509. бомбардерското крило, кои полетаа од воздухопловната база Вајтмен во Мисури ноќта на 20 јуни како дел од воздушната операција наречена Midnight Hammer.

Секој авион беше вооружен со две ултра тешки бомби GBU-57A/B MOP („Massive Ordnance Penetrator“) со тежина од по 13.600 килограми, дизајнирани да уништуваат утврдени и длабоко вградени цели.

Бомбардерите се вратија во базата на 22 јуни по повеќе од 36 часа непрекинат лет, при што извршија напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки: Фордо, Натанц и Исфахан. Нападот е извршен во соработка со израелските сили.

Пентагон потврди дека биле лансирани вкупно 75 проектили, вклучително и повеќе од 20 крстосувачки ракети Томахавк, при што посебно внимание е посветено на подземните објекти во Фордо.

ИЗДВОЕНИ