
Осман Дембеле минатата сезона играше во животна форма и освои речиси сè што можеше со ПСЖ, поради што заслужено ја освои и „Златната топка“. Сепак, истото не може да се каже и за актуелната сезона, а она што најмногу го боли Дембеле е одлуката донесена од шефот на стручниот штаб, Луис Енрике.
Парижаните ја продолжија својата доминација во Франција минатата сезона, а конечно ја освоија и титулата во Лигата на шампионите, која ја чекаа долго време.
Сепак, оваа сезона не оди како што очекуваше Дембеле бидејќи тој „се врати на старите навики“ со оглед на тоа што повторно е мачен од повреди како што беше случај кога играше за Барселона.
Во тековниот дел од сезоната, Дембеле одигра само 18 натпревари во кои беше исто така многу добар бидејќи постигна шест гола и додаде пет асистенции, а иако неодамна се опорави, одлуката на Луис Енрике го изненади.
Крилниот напаѓач играше во Купот на Франција пред неколку дена, но кога станува збор за продолжението на сезоната, тренерот на ПСЖ сака да биде повнимателен.
Француските медиуми објавуваат дека Енрике не сака да брза со минутите за Дембеле бидејќи направил грешка пред неколку месеци. Во тоа време, Дембеле исто така се врати на теренот по незгодната повреда, но повторно се повреди кратко потоа.
Енрике верува дека почнал да игра прерано и сега сака постепено да ги зголемува минутите за да не ја направи истата грешка, но Дембеле не е задоволен од таквата одлука.
„Канал Плус“ објави дека Демебеле покажал дека е незадоволен од одлуката да не игра колку што сака и поради тоа е нарушен односот со Енрике.
Челниците на ПСЖ решија да реагираат и да му објаснат на Дембеле дека тоа била заедничка одлука меѓу нив и Енрике и дека го направиле тоа само со најдобри намери.











