Дембеле откри како Меси од него направи играч за „Златната топка“

244
epa06653218 FC Barcelona's forward Leo Messi celebrates with winger Ousmane Dembele (R) after scoring a goal against Leganes during the Spanish Primera Division soccer match between Barcelona and Leganes at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 07 April 2018. EPA/Alejandro Garcia

Осман Дембеле, францускиот напаѓач кој игра за актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, ги откри советите што ги добил од својот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси.

Овој 28-годишен Французин, кој е еден од фаворитите за освојување на Златната топка оваа година, во интервју за списанието „442“ изјави дека имал одличен однос со славниот Аргентинец.

– Имав многу добар однос со Меси од првиот ден. Ми даде многу совети. Тој инстинктиво знае што сакаш. Ми рече дека морам да бидам сериозен ако сакам да ги остварам моите соништа. После тоа, го гледав и учев од она што го прави на теренот. Неговото позиционирање беше извонредно, како и начинот на кој изгледаше невидлив на теренот. Понекогаш не го гледате четири или пет минути, а потоа, штом ќе ја добие топката, инстинктивно знае што да прави. Тој многу добро го разбира фудбалот, се позиционира многу добро на теренот и сите знаеме што може да направи со топката – коментираше Дембеле.

Крилниот напаѓач и Лионел Меси одиграа вкупно 95 натпревари за Барселона во текот на четири сезони пред Французинот да се пресели на „Паркот на принцовите“ во 2021 година. Тој постигна 35 гола за Парижаните во сите натпреварувања минатата сезона, помагајќи им да ја освојат француската тројна круна и титулата во Лигата на шампионите.

ИЗДВОЕНИ