
Еден дел од спортските медиуми во Франција ја пласираа и информацијата дека стандардниот првотимец во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Осман Дембеле, сериозно размислува за преселба во Саудиска Арабија. Крилниот напаѓач моментално преговара со „светците“ за нов договор, но и понатаму главна пречка за продолжување на соработката е барањето на Дембеле да има дупло поголема плата од актуелната.











