
Медиумите кои важат за блиски до актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, открија дека раководните лица седнале на преговарчаката маса со последниот освојувач на „Златната топка“, Осман Дембеле. Тема на разговор е продолжување на соработката за уште неколку сезони, но главен услов за да бидат успешни преговорите е да биде исполнета главната желба на крилниот напаѓач кој сака дупло поголема плата од таа која моментално ја заработува.











