Демант и јавно извинување до семејството Сипковски

185

На писмено барање на семејството Сипковски, Вечер Прес  ја отстрани содржината со наслов „ Мартин Сипковски бил осуден на 7,6 години затвор за Обид за убиство во Скопје“.

Во реакцијата на семејството се известува дека во текстот „се изнесени невистинити и тешки тврдења со кои грубо се нарушува угледот и честа на покојниот Мартин Сипковски, како и на неговото семејство“.

Во дописот на г-н Сипковски се вели:

„Во текстот се наведуваат сериозни и неосновани обвинувања за наводни кривични дела и активности, без наведување на конкретен и проверлив извор, ниту официјален документ или изјава на надлежен орган. Таквото известување претставува клевета и навреда во смисла на член 6 и член 7 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Дополнително, согласно член 8, став 2 од истиот закон, во случај на навреда или клевета на починато лице, тужба може да поднесе неговото семејство – во овој случај јас, Дејан Сипковски, како татко на покојниот, бидејќи со објавените тврдења е директно повредена нашата чест и достоинство.

Со ова барање Ве повикувам во најкраток можен рок (веднаш) да доставите:

Точен извор на информациите и фактите наведени во текстот (вклучувајќи службени документи или официјални изјави на надлежен орган);

Или, доколку не располагате со такви извори,

Во спротивно, ќе бидам принуден да поднесам тужба за клевета и навреда против вашиот медиум и одговорното лице и ќе барам максимална парична отштета за причинета материјална и нематеријална штета, во согласност со член 18 од Законот.

Напоменувам дека поседувам материјални докази (принт-скринови, архивирани линкови и копии од вашата објава), кои ќе бидат приложени како доказ во постапката, доколку не ја повлечете содржината и не објавите демант и извинување во наведениот рок.

Случајот ќе биде пријавен и до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како институции надлежни за санкционирање на вакви повреди на новинарската етика и интегритет.

Очекувам писмен одговор во наведениот рок“.

Редакцијата на Вечер Прес  јавно го известува г-н Сипковски дека спорната содржина е отстранета.

Исто така, Редакцијата го известува г-н Сипковски дека спорната содржина е изработена како компилација врз основа на вести објавени во повеќе медиуми во Србија и во Македонија.

Поклонуваме верба на тврдењето на семејството Сипковски дека изнесените спорни наводи се неосновани обвинувања кои биле пласирани во медиумите, а Вечер Прес некритички ги пренел.

Редакцијата на Вечер Прес му се извинува јавно на семејството Сипковски поради пропустот, со уверување дека не постоела намера да му се нанесе штета на честа и на угледот.

ИЗДВОЕНИ