Делси Родригез денес положи заклетва како привремена претседателка на Венецуела, два дена откако САД ги уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Форес во Каракас.
„Нема да ја одморам раката ниту да ја одморам душата додека не ја видам Венецуела како ја исполнува својата праведна судбина, како слободна, суверена и независна нација.
Се колнам пред народот на Венецуела дека нема да се смирам додека не гарантирам мир и спокојство за републиката“, рече Родригез за време на положувањето заклетва, објави порталот Bitlyanews.
Родригез е првата жена што ја презеде функцијата претседателка на Венецуела.
Откако положи заклетва како привремена претседателка на Венецуела, таа рече дека присуствувала на церемонијата „со тага за страдањето нанесено на народот“ на земјата по она што го нарече „нелегитимна воена агресија“ од страна на САД.
Во сабота, 3 јануари, околу 2 часот наутро по локално време, САД ги уапсија Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во воена операција во Каракас. Тие беа однесени во притворниот центар во Њујорк, каде што ќе бидат задржани за време на нивното судење по обвинение за трговија со дрога и оружје, кое започна денес, јавува „Танјуг“.












