Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

20

Силно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево.

Според официјалните податоци, една жртва беше пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубија и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе. Се очекува бројот на загинати да се зголеми откако водата ќе се повлече, додека штетите на инфраструктурата се огромни.

Во населбата Изгрев наврнале над 410 литри дожд на метар квадратен, а во Царево околу 225 литри. Поплавите предизвикаа уривање мостови, оштетување на патишта и потопување на бројни објекти. Дел од населението е евакуирано, а војската е ангажирана за расчистување на реките и блокираните подрачја. Властите истакнуваат дека неисчистените речни корита дополнително го влошиле ефектот од невремето, додека целиот регион се соочува со прекини во снабдувањето со струја.

ИЗДВОЕНИ