Украинската делегација се подготвува за средби во Соединетите Држави со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Со цел да се продолжат преговорите врз основа на резултатите од состанокот меѓу американската и руската делегација во Москва, денес објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сега светот дефинитивно чувствува дека постои можност за завршување на војната, а сегашната активност во преговорите мора да биде поткрепена со притисок врз Русија.
Сè зависи од таа комбинација, односно од конструктивна дипломатија и притисок врз агресорот“, рече Зеленски за време на вечерното видео обраќање, со оценка дека обете компоненти можат да донесат мир, пренесува Укринформ.
Порано денес, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зет на американскиот претседател, Џаред Кушнер, се сретна со Трамп и го информираше за вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. „Соединетите Американски Држави и Русија учествуваа на темелен и продуктивен состанок.
Пратеникот Виткоф и г-дин Кушнер го информираа претседателот, а потоа и Украинците“, изјави изворот на агенцијата. Виткоф и Кушнер во вторник одржаа петчасовна средба со Путин во Кремљ.
Страните разговараа за мировниот план предложен од Вашингтон.
На 30 ноември во САД се одржа средба меѓу украинската и американската делегација во врска со планот за воспоставување мир во Украина, пренесува Танјуг. Претходните преговори се одржаа на 23 ноември во Женева со учество на европски претставници.












