понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Делегација од Општина Кочани на Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во...

Делегација од Општина Кочани на Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Перник 

16

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија.

Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот.

Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, остварил средби со претставници на локални самоуправи и културни институции од различни држави. На средбите биле разменети мислења и идеи за унапредување на меѓународната соработка, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во областа на културата и туризмот.

– Фестивалот „Сурва“ е одличен пример како традицијата и културата можат да бидат мост за поврзување меѓу народите, за градење нови партнерства и пријателства кои во иднина можат да резултираат со конкретни соработки и проекти – изјави градоначалникот Грозданов.

ИЗДВОЕНИ