петок, февруари 20, 2026
Дома СКОПСКА Дел од потрошувачите со намалена испорака на топлинска енергија

Дел од потрошувачите со намалена испорака на топлинска енергија

34

АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа, кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија.

– Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување редовно снабдување со топлина до потрошувачите – се наведува во соопштението од ЕСМ Снабдување.

За дополнителни информации, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400100.

 

ИЗДВОЕНИ