Дел од Хрватска зафатен од невреме – ветрот корнеше дрвја и креваше покриви

90
Фото:принтскрин

Грмотевици, проследени со обилни дождови и ветер, погодија делови од Осиечко-барањската жупанија околу 18 часот денес, а освен бројните интервенции на службите за итни случаи, во моментов нема пријави за повредени, пренесува Индекс.хр.

Од Центарот 112 на жупанија во Осиек истакнуваат дека добиле многу повици од граѓани за последиците од невремето, кои главно се однесувале на прекини на електричната енергија, паѓање гранки или дрвја на патишта, патеки или зелени површини и поплавени патишта.

 

ИЗДВОЕНИ