понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Дексион ќе добие нова градинка

Дексион ќе добие нова градинка

125

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, објави на „Фејсбук“ дека го потпишал договорот за изградба на нова детска градинка во Дексион.

Градинката ќе се гради на местото на старата, локација што, како што вели Стојкоски, буди носталгија кај сите жители на населбата.

Според него, со изведба се започнува веднаш.

– Континуирано работиме на проширување на капацитетите за сместување, ја завршивме градинката во Волково, првпат градиме градинка во Стопански Двор, а ветувам изградба на уште три детски градинки – истакна Стојкоски.

 

ИЗДВОЕНИ