сабота, август 22, 2026
Дома СПОРТ Деко со една реченица го понижи Феран Торес

Деко со една реченица го понижи Феран Торес

0
epa11648737 FC Barcelona' sports director Anderson Luis de Souza 'Deco' (L) and FC Barcelona's head coach Hansi Flick (R) attend the press conference of Spanish soccer player Andres Iniesta held in Barcelona, Catalonia, Spain 08 October 2024. The 40-year-old Iniesta will announce his retirement from professional soccer on 08 October. EPA/Alejandro Garcia

Барселона го победи египетскиот Ал Ахли со 2:1 во последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Ла Лига, а пред почетокот на дуелот беше претставен првиот тим на кој Ханси Флик ќе смета оваа сезона.

Сепак, јасно е дека играчкиот кадар на Барселона сè уште не е комплетен и се очекува спортскиот директор, Деко, да донесе барем уште едно засилување до крајот на преодниот рок.

Главната цел е да се донесе нов напаѓач бидејќи таа позиција остана празна во соблекувалната на Барселона откако Роберт Левандовски и Феран Торес го напуштија клубот.

По натпреварот против Ал Ахли, Деко застана пред камерите и даде изјава, потврдувајќи дека преодниот рок за Барселона сè уште не е завршен.

„Дефинитивно ќе направиме уште неколку потези на трансфер-пазарот“, рече Деко на почетокот на интервјуто.

Сепак, она што стана главна тема на социјалните мрежи беше реченицата со која, како што велат многумина, Деко го „понижи“ Феран бидејќи рече дека нема да биде толку тешко да се замени.

„Изгубивме двајца напаѓачи, Роберто и Феран. Ќе го надоместиме Феран со неколку играчи што ги доведовме и тоа не е проблем, но Роберт е многу тешко да се замени. Тој е Роберт Левандовски, играчот што создаде историја тука. Имаме неколку внатрешни опции, но ќе се обидеме да направиме некои потези“, додаде спортскиот директор на Барселона.

Португалецот се осврна и на засилувањата што успеа да ги донесе ова лето, а особено се издвојува Родри, кој не беше во план.

„Среќни сме за сите засилувања бидејќи имаат смисла. Родри не беше во нашите планови бидејќи мислевме дека е недостапен. Сепак, штом се појави можноста, се одлучивме за него. Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.“

Кога станува збор за позицијата напаѓач, Хулијан Алварес беше првиот избор, но стана јасно дека Атлетико (М) не сака да го продаде Аргентинецот.

Лаутаро Мартинес се поврзува и со Барса, но не може да се очекува дека Интер ќе го пушти, а се очекува и Деко да посегне по напаѓач кој не е со таква цена како споменатото дуо.

ИЗДВОЕНИ