сабота, септември 26, 2026
Дома СПОРТ ДЕКО: Им испративме понуда од 100 милиони евра!

ДЕКО: Им испративме понуда од 100 милиони евра!

0
epa11648737 FC Barcelona' sports director Anderson Luis de Souza 'Deco' (L) and FC Barcelona's head coach Hansi Flick (R) attend the press conference of Spanish soccer player Andres Iniesta held in Barcelona, Catalonia, Spain 08 October 2024. The 40-year-old Iniesta will announce his retirement from professional soccer on 08 October. EPA/Alejandro Garcia

Спортскиот директор на каталонскиот гигант Барселона, Деко, отворено зборуваше за трансферот што го одбележа летниот преоден рок и ги откри деталите за понудата вредна дури 100 милиони евра.

Како што тврди, Барселона сè направила на целосно професионален начин, но од Мадрид не дошол никаков одговор за понудата која била наменета за аргентинскиот интернационалец од редовите на Атлетико, Хулијан Алварес.

„Испративме формална и коректна понуда. Беше 100 милиони евра, со плаќање на три рати во текот на три години. Ова е вообичаена практика во модерниот фудбал“, рече Деко.

Тој нагласи дека Барселона никогаш не вршела притисок врз Алварес, ниту, пак, го замолила јавно да побара заминување од Атлетико, како што претходно тврдеа некои медиуми.

„Ги почитувавме и играчот и Атлетико. Не го замоливме да му предизвика проблеми на својот клуб, ниту сакавме да ја пуштиме приказната низ медиумите“, додаде првиот човек на спортскиот сектор на Барселона.

Атлетико (М), сепак, остана непоколеблив дека Алварес не е на продажба.

Клубот не ја прифати понудата, ниту, пак, влезе во сериозни преговори со Барселона, па каталонскиот гигант, на крајот, се откажа од трансферот и се сврти кон други решенија во нападот.

Потоа Барселона донесе нови засилувања во офанзивата, додека Хулијан Алварес остана член на Атлетико и една од клучните ѕвезди на мадридскиот тим.

Алварес не ја криеше својата желба да се пресели во Барселона, но челниците на „јорганџиите“ едноставно не сакаа да му дозволат преселба на „Кам Ноу“. Атлетико (М) беше подготвен да го продаде на Арсенал или на некој надвор од Шпанија, но самиот играч го сакаше само во Барса.

ИЗДВОЕНИ