Режисерот Дејан Пројковски е добитник на меѓународната награда за режија на 11. Интернационален театарски фестивал во Истанбул.

Како што објави Министерството за култура и туризам на Фејсбук, Пројковски вторпат добива награда на овој фестивал откако беше награден и пред две години, на неговото деветто издание.

-Тоа сведочи за континуитетот на авторската визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар на Пројковски, еден од најтрофејните македонски режисери, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена. Со оваа награда Пројковски се вбројува меѓу најистакнатите режисери од регионот, чија работа и препознатлив сценски ракопис добиваат висока оценка и од меѓународната публика и од театарската критика, наведува Министерството за култура и туризам.

 

ИЗДВОЕНИ