По победата на Австриецот Џеј-Џеј! Организаторите вчера објавија кој град ќе биде домаќин на Евросонг идната година во мај, а тоа е австрискиот главен град Виена. По победата со песната „Wasted Love“ во Базел, Австриецот Џеј-Џеј ја донесе Евровизија во својата држава. Виена ќе биде градот во кој ќе бидат пречекани музичарите, но истовремено ќе биде прославен и 70. јубилеј на овој гламур-фестивал.
Двете полуфиналиња на Евросонг 2026 ќе се одржат на 12 и на 14 мај, а големото суперфинале е закажано за 16 мај, во „Виенер штадхале“, која воедно е и најголемата затворена Арена во Австрија.
Но, не е првпат Австрија да биде домаќин на Евровизија. Ова е веќе четврто повторување таа да биде земја домаќин на најголемото европско музичко случување. Последното беше со победата на контровезно-брадестата Кончита. Интересно е и што ова е вторпат како што Австрија ќе го прослави јубилејот на овој музички фестивал. Во таа 2015 година, таа беше домаќин на 60. издание на Евросонг.
Покрај сите овие новости, Евросонг, по цели 20 години, одлучи да го промени своето лого, кое ќе биде дизајнирано со цел да обезбеди поголема достапност на дигиталните платформи. Иако оваа новина наиде на пофалби и поздрави до организаторите, сепак, некои обожаватели на Евровизија не се согласуваат со новиот дизајн.
Оваа јубилејно издание на Евросонг ќе биде под мотото „United by Music“. Што се однесува до учеството на Македонија во Виена, останува да се надеваме дека ќе се случи. Сепак, за тоа ќе се знае дури таму околу Новогодишните празници.