
Медиумите кои важат за блиски до шпанскиот гигант Реал (М) открија дека искусниот играч за врска од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Родри, ќе биде главна трансфер мета на „кралскиот клуб“ следното лето. Шпанскиот интернационалец има договор со „граѓаните“ до 2027 година и ако не биде продолжена соработката Сити сигурно ќе го продаде на крајот од актуелната сезона.