
Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) ја пласираше сензационалната информација дека клупските челници веќе го дефинирале фудбалерот кој ќе биде ангажиран доколку предвреме биде прекината соработката со бразилскиот интернационалец, Винисиус Жуниор. Според анонимниот извор, во тој случај „кралскиот клуб“ ќе се обиде да ги осигура услугите на англискиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Мајкл Олисе.











