
Најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), веќе има подготвено план кој ќе се реализира доколку предвреме биде прекината соработката со англискиот интернационалец, Хари Кејн. Доколку искусниот напаѓач биде продаден за време на летниот преоден рок, тогаш баварскиот клуб ќе се обиде да ги осигура услугите на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ кој има договор со калчо гигантот Јувентус до крајот на сезоната.











