Дедо отишол по внукот во градинка, дома донел погрешно дете

211

Неименуван маж отишол да го земе внукот од градинка во Сиднеј и по грешка го однел погрешното дете дома, што довело до истрага во таа институција, а една воспитувачка е суспендирана.

Дедото случајно го зел погрешното дете, кое во тој момент спиело, и го однел дома со себе, а воспитачите ја откриле грешката дури кога мајката на момчето дошла да го земе и сфатила дека го нема таму, објавува „Гардијан“.

„Не можам да го објаснам тоа чувство. Не го обвинуваме. Не сме му лути, ја обвинуваме градинката“, рекла мајката на погрешно земеното едногодишно дете.

Сопругата на дедото што го однел момчето изјавила за „Сиднеј морнинг хералд“ дека грешката го вознемирила нејзиниот сопруг и тој брзо го вратил едногодишното дете кога сфатил дека има погрешно дете со себе. „Многу сум среќна што малото било добро“, рекла таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг пристигнал да го земе внукот во центарот кога децата спиеле и собата била темна.

Австралиската регулаторна агенција за образование и грижа за деца објави дека спроведува „темелна истрага“ за „длабоко загрижувачкиот и сериозен инцидент“, пренесува Танјуг.

Агенцијата додаде дека полицијата на Нов Јужен Велс е известена, но полицијата вели дека нема евиденција за полициска истрага.

Триша Хејсти, вработена во градинката, им се извини на семејствата за инцидентот, кој го опиша како „изолиран случај“.

„Ова никогаш порано не се случило во предградието Бангор, ниту во кој било друг наш центар“, рече Хејсти.

ИЗДВОЕНИ